Обука за корпоративни секретари
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, поддржани од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) членка на групацијата на Светска Банка ја организираат Првата обука за корпоративни секретари во Република Македонија, која почна, а се спроведува согласно меѓународна методологија изработена врз основа на долгогодишното искуство на ИФЦ во оваа област.
Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, целта на обуката е преку едукација на внатрешните правни советници во компаниите од страна на домашни и на странски експерти да се унапреди квалитетот на корпоративното управување и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики. Како професионалец со единствен збир на знаења и способности, корпоративниот секретар треба да воспостави добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и интерните акти на компанијата, да воведе најдобри практики за одржување на комуникација на раководниот тим, акционерите и заинтересираните страни, да го советува претседавачот на Собранието за потенцијалните прашања кои може да влијаат на односот помеѓу друштвото и акционерите, да ги совлада предизвиците од креирањето на интегрирано известување за поголема транспарентност и.т.н.
Според светските искуства, корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим со соодветни способности, визија и вредности, потребни за компанијата и нејзините клиенти да се движат кон развој. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата.
Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза, како и посебната регулатива на банките ја дефинираат и регулираат позицијата на корпоративен секретар.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, поддржани од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) членка на групацијата на Светска Банка, веќе подолго време соработуваат со цел да ги промовираат добрите практики на корпоративно управување во компаниите и воопшто на пазарот на капитал во Република Македонија.
Ново на Сител
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица