Македонија
19. September 2015 - 14:14

Обука за е-ангажман во Куманово

Стотина  млади на возраст од 16 до 26 години денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ следеа обука за е-ангажман,  во организација на Младински сојуз со поддршка од фондацијата е-Македонија.
 
Целта е младите да ги подобрат јазичните, компјутерските и социјалните вештини и знаењето да го користат во средината каде живеат, работат или учат. 
-  Учесниците кои ќе се стекнат со одредени знаења потоа тие знаења ќе ги пренесат во својата општина, организација, училиште, изјави Марија Арсовска, програмски асистент на проектот.
 
Кристина Лефкова, тренер за социјални вештини вели дека луѓето зависно од возраста се соочуваат со различни проблеми на интернет, но целта е интернетот да го користат за конструктивни цели
 
Младински сојуз годинава ќе одржи еднодневни обуки за е-ангажман  во 12 градови, а следниот викенд ќе го посетат Кратово.