Обука на тема „Косме и Хоризонт 2020“ во Струмица

Од денеска до 28 април учесници од Кичево, Кукуш, и домаќинот Струмица се дел од обуката на тема „Косме и Хоризонт 2020“ како дел од проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“ финансиран преку ИПА програмата на Европската унија.
Меѓународни експерти им помагаат на учесниците детално да ги анализираат двете програми, дел од финансиската рамка 2014-2020 за да може да направат добри проекти кои може да бидат одобрени, финансирани и реализирани.
- Во овие денови ќе се обидеме да им дадеме на учесниците панорамски преглед на содржината на овие две програми и да им дадеме некои основни алатки за подготовка на проектите. „Хоризонт 2020“ и „Косме“ се програми различни меѓусебе, но сепак се насочени кон бизнисот. „Хоризонт 2020“ како европска програма за поддршка на иновациите и истражувањата дури 60 отсто е насочена кон развој на малите и средни претпријатија. „Косме“ скоро целосно е наменета за поддршка на малите и средни претпријатија, рече Илина Петканоска, меѓународен експерт кој работи во Тренто, Италија.
Биоенергијата е една од потенцијалните теми за проекти во регионот, оцени надворешниот евалуатор и универзитески професор Лука Фиори од Тренто, Италија.
- Тука видов дека има многу дрвја, многу шуми. Како експерт во биоенергетските панели, може да ги насочам како да се најдат ефикасни начини за валоризација на тие дрвја, на таа био-маса, па дури и отпадот, особено агроиндустрискиот, рече Фиори.
Вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Коста Костадинов истакна дека локалната власт останува посветена на реализација на европските проекти.
- Ова е нова потврда за нашето успешно искористување на европските фондови за реализација на проекти и унапредување на локалната економија. Овој проект ќе помогне за создавање и унапредување на можностите за соработка меѓу претпријатијата во Струмица, партнерите, но и пошироко, рече Костадинов.
Ново на Сител
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
