ОБСЕ: Изборите во Белорусија не ги исполнија демократските стандарди

Претседателските избори во Белорусија не ги исполнија демократските стандарди, соопштија денеска меѓународните набљудувачи.
- Јасно е дека Белорусија има уште долг пат кон исполнување на своите демократски обврски, соопшти шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Кент Хастед.
Централната изборна комисија соопшти дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко освои 83,49 отсто од гласовите и обезбеди петти мандат.
Активистката од кампањата „Зборувај вистина“ Татјана Короткевич е втора, со освоени 4,42 отсто од гласовите на избирачите.
Одзивот на изборите во Белорусија бил 86,75 отсто.
Двајцата противкандидати на Лукашенко на претседателските избори - лидерот на Либералн-демократската партија Сергеј Гајдукевич и лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Улахович, веќе му ја честитаа победата.
Лукашенко за шеф на државата избран е во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.
Ново на Сител
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
