-->
-->
Обрван: Ова е шанса за младите играчи
-->
Македонската ракометна репрезентација од денеска до четврток во Скопје ќе се подготвува за настапот на турнирот што во рамките на неделата на ЕХФ ќе го игра во Умаг од 6 до 8 ноември. Селекторот на Македонија Ивица Обрван, за оваа репрезентативна акција повика 17 ракометари. На денешниот собир „оправдано доцнат“ Борко Ристовски и Гоце георгиевски, кои имаат настапи за своите екипи, додека Никола Маркоски, кој вчера се повреди на дуелот со Вардар Јуниор не се појави на прозивката.
- Сега проблем е повредата на Никола Маркоски и откако ќе ја знаеме состојбата можно е да повикаме нов играч на неговата позиција (остана само Пешевски). Турнирот во Умаг и двата натпревара со Хрватска и Црна Гора, ќе бидат убава можност да ги провериме можностите на неколку млади ракометари, кои се повикавни во отсутво на неколкуте стандардни кои поради повреди неможат да бидат на располагање, изјави Обрван.
Од порано беше познато дека на овој собир нема да бидат присутнио: Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Ацо Јоноски, Петар Ангелов, Велко Маркоски и Стојанче Стоилов.
Во отсуство на овие неколку ракометари капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров и овојпат како и многу пати досега ќе биде предводник на селекцијата.
- Навистина ми е мило што гледам дека има „нови деца“. Овие млади играчи веќе имаат настапи во еврокуповите и го добиваат неопходното искуство. Можеби не играат на високо ниво, но секој натпревар за нив е ново искуство. Сега ќе имаат шанса да го облечат и репрезентативниот дрес и некој од нив да се истакне. Младите ракометари треба да ја претставуваат иднината на нашиот ракомет.
Македонската репрезентација до заминувањето за Хрватска ќе тренира во попладневните часови во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче