Образовни асистенти за ученици и придружници на стари лица ќе бидат работно ангажирани во Кочани
Седум невработени лица од Кочани во наредниот период ќе бидат работно ангажирани преку проектот „Добра волја“ од програмата Општинско-корисна работа, а за што од локалната самоуправа објавија јавен повик за пријавување на заинтересираните кандидати.
Работните позиции што се опфатени со огласот се однесуваат на ангажирање двајца образовни асистенти во основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“ и петмина придружници, односно помошници на стари и изнемоштени лица во градот и во руралните делови во општината.
– Со огласот ги повикуваме сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани за работно ангажирање со скратено работно време за период од шест, односно девет месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенцијата за вработување во Кочани. Ангажираните лица ќе имаат скратено работно време од 20 работни часови неделно, а за цело време статусот на невработените ќе остане непроменет, додека на корисниците на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на паричната поддршка. Право на учество во Општинско-корисна работа имаат сите невработени, при што предност ќе имаат лицата кои се јавуваат прв пат, а исклучок ќе бидат оние кои минатата година работеле како образовни, односно лични асистенти, истакна Александар Јосифов, секретар на општина Кочани.
Рокот за пријавување трае до 16 август, а досега општина Кочани има реализирано шест проекти од програмата Општинско-корисна работа во кои биле ангажирани над 60 лица.
Проектот „Добра волја“ се реализира како заедничка активност на Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани, а се финансира од буџетот на Агенцијата за вработување.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски