„Образование без пречки“ - проект на Центар и УНДП

Општина Центар, во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, започнува проект „Образование без пречки“ во основните општински училишта. Општината потпиша меморандум за реализација на проектот со кој ќе бидат обезбедени 15 лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот.
Ангажираните лица се невработени, а на учениците во текот на целата работна недела, по четири часа во текот на денот, ќе им пружаат помош при движење низ училиштата, помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извршување на училишните обврски, како и олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците, се наведува во соопштението на Општина Центар.
Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои имаат наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености.
Асистентите ќе примаат месечен надоместок од 6.200 денари, а проектот започнува на 1 октомври и ќе трае до 10 јуни, односно до крајот на учебната година.
За асистентите ќе биде организирана неколкудневна обука за запознавање со детето, училиштето, наставниот кадар и опкружувањето, се додава во соопштението на општина Центар.
Ново на Сител
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
-

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
