Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД
Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред американскиот Конгрес во вторникот вечерта го гледале околу 36,6 милиони телевизиски гледачи во САД, објави американската компанија за мерење на медиумската публика Нилсен.
Тоа е повеќе од 32,2 милиони гледачи кои го гледаа последното обраќање на поранешниот претседател Џо Бајден за состојбата на Унијата минатата година, но е помалку од сите телевизиски гледачи кои ги гледаа годишните обраќања на Трамп за време на неговиот прв мандат, наведоа од Нилсен.
Првиот говор на Трамп пред Конгресот како претседател во 2017 година. го гледале 47,7 милиони луѓе. Оттогаш, гледањето телевизија генерално се намали.
Нилсен ја мери гледаноста на 15 различни телевизиски мрежи, вклучувајќи ги и оние чии програми се емитуваат на стриминг платформи.
Фокс њуз, најпопуларниот ТВ канал за фановите на Трамп, доминираше со гледаност – 10,7 милиони луѓе, Еј-Би-Си – 6,3 милиони гледачи, Си-Би-Ес – 4 милиони, а телевизијата Ен-Би-Си – 3,9 милиони гледачи, објави Нилсен.
Според Нилсен, 71 отсто од телевизиските гледачи кои го гледале обраќањето на Трамп во Конгресот биле на возраст од 55 и повеќе години.
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години