Обновено снабдувањето на Киев со струја и вода
Во Киев речиси целосно е обновено снабдувањето со вода, по руските ракетни напади врз инфраструктурата на главниот украински град.
Јавните комунални претпријатија се обидуват да го обноват снабдувањето на градот со електрична енергија, поради чии прекини речиси целиот тримилионски град остана без вода.
Во многу делови од главниот град откажа затоплувањето, немаше струја, интернет ниту мобилна телефонија. Делови од Киев и доцна синоќа се уште беа без електрична енергија.
Заменик-шефот на претседателската канцеларија, Кирило Тимошенко, со оптимистичка порака. „Всушност, сите области на Украина се снабдени со електрична енергија“, изјави синоќа Тимошенко за украинската телевизија.
Претходно на Телеграм се огласи градоначалникот, Виталиј Кличко, кој рече дека во одреден момент дури 70 отсто од Киев бил надвор од системот за снабдување со електрична енергија.
„Општинските служби работеа без престан на санирање на штетите, но снабдувањето со електрична енергија за Киев зависи од стабилноста на целиот енергетски систем во Украина“, рече градоначалникот.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
