ОБНОВЕНО: Серија земјотреси го стресоа Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 11.09.2016 год., регистрираа серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентралното подрачје.
Два од овие земјотреси беа почувствувани во Скопје и околината. Првиот од нив се случи во 06 часот и 58 минути, имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот земјотрес се случи во 06 часот и 59 минути, имаше локална Рихтерова магнитуда 2.8, а беше почувствуван со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-
Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
-
Битиќи: Нема да се кандидирам за претседател на СДСМ за да спречам понатамошна фрагментација на членството
-
Изборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат задутре, најмногу пријавени за тестот по Англиски јазик
-
Претрес во велешко, приведен крадец
-
Запленет над еден килограм златeн накит во вредност од 4 милиони денари на ГП Богородица
-
Ѓоковиќ опериран, го пропушта Вимблдон
-
Почнува 23-то издание на ОФФ-Фест 2024
-
Најтопло утрово во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе