Обновен патот во општина Конче
Заврши обновата на патот во должина од 6,5 километри, кој ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец во општина Конче, оштетен од минатогодишните поплави.
Како што се наведува во соопштението на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година, обновата на патот чини околу 188.000 евра, средства обезбедени од ЕУ.
Градоначалникот Благој Јованов, рече дека секојдневното поминување по патот, особено во месеците кои изобилуваат со дождови, претставува голем проблем и голема опасност за жителите.
- Задоволни сме што градежните работи завршија во предвидениот рок кој за наша среќа се совпаѓа со периодот пред почеток на есенските поројни дождови. Конкретно, овој пат претходно не беше реконструиран речиси 50 години. Досега немаше никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација, рече Јованов.
Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од ЕУ во рамки на Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година. Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на засегнатите општини.
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ