Обнова на локалниот пат Миладиновци-Текија-Дељадровци во Илинден
Во општина Илинден во тек се активности за обнова на локалниот пат Миладиновци-Текија-Дељадровци во должина од 4.000 метри. Вкупната инвестиција од 16,8 милиони денари е обезбедена од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура и буџетот на општината.
Со проектот, соопшти денеска општина Илинден, е опфатено поставување нов асфалтен слој и изработка на заштитни банкини, зафаќање и одведување на атмосферските води, како и поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Во тек е поставување нов асфалт со што се подобрува функционалноста на патот и се олеснува движењето на возилата. и на пешаците.
- Со рехабилитацијата на овој локален пат кој е од големо значење за локалното население, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Општина Илинден продолжува со континуирано инвестирање во локалната патна инфраструктура како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите населени места, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување