Обложувалниците од Албанија се селат во Македонија и Косово

По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците тие сега се селат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис се смета за законски, изјави Артан Шити, претседател на друштвото на обложувалници.
Според него, многу албански компании од оваа дејност и претходно имале ваква активност во Македонија и Косово.
-Иако има еден месец до крајниот рок, 31 декември 2018 година, за затворање на сите обложувалници, околу 70 отсто од нив веќе ја прекинаа својата активност, затворени се салоните а фирмите избришани од евиденцијата на Централен регистар. Досега затворени се над 3.000 салони за обложување низ целата територија на Албанија, тврди Шити.
Во Албанија од први јануари идната година ќе се затворат сите спортски обожувалнци. Исто така се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини.
Албанскиот премиер Еди Рама овој чекор го оправдува со фактот дека во изминатите пет години во Албанија многу е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога социјалистите на Рама беа во колиција со Социјалистичкото движење за интеграција на актуелниот претседател на државата, Илир Мета.
Ново на Сител
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
-

Кривична за сопственикот на „Јужна пруга“, ја отворил и работел иако инспекција ја затворила
-

Превртена цистерна на патот Струга - ГП „Ќафасан“, сообраќајот во прекин
-

Масовна тепачка помеѓу Македонци и Албанци во Италија, уапсени 11 лица
-

Продлабочена економската и технолошката соработка меѓу Чешка и Македонија
