Облачно, ветровито и натпросечно топло
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места со брзина околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Утре, на последниот ден од оваа година, ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег. Во петок и сабота времето ќе биде стабилно со услови за слаба магла по одделни котлини.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка