Облачно утро, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава