Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Како што информираат од УХМР, преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
