Облачно со дожд и јужен ветер

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималнаите ќе достигнат од 6 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 3, а максималните ќе достигнат до 10 степени.
Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурите.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
