Облачно, попладне дожд, а на планините снег
Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, пообилни во доцните попладневни часови. Во текот на ноќта во делови од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и кон крај на денот засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.
Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.
Ново на Сител
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров