Македонија
10. April 2022 - 8:24

Облачно и посвежо со дожд, наместа со поројни и обилни врнежи

Времето денеска ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, а локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините на околу 1200 метри надмосрка височина во западните и северните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе  достигне до 13 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата и ќе дува засилен северен ветер. Најстудено ќе биде во вторник наутро, информираат од УХМР.