Објавено видео од гаснењето на пожарите во Македонија со кипарски авиони
Со апсолутен успех кипарската мисија ја заврши својата задача во справувањето со шумските пожари во Република Северна Македонија, соопштија од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар во однос на помошта испратена во нашата земја, а паралелно, на Фејсбук објавија видео од гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија на различни локации во нашата земја.
- Со интервенциите од воздух, кипарската мисија помогна во заштитата на домовите, шумските области, како и другите имоти и човечките животи. Исто така, кипарската мисија, дискутирајќи со надлежните служби на Република Северна Македонија, даде различни препораки за подобрување на начинот на справување со шумските пожари, особено за прашања поврзани со воздушни средства, како што е употребата на материјал за забавување или запирање на ширењето и пена во гаснење шумски пожари, соопштија од Секторот за шумарство.
Се осврнаа и на средбата на кипарските пилоти и останатиот персонал со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој во средата ги испрати и им се заблагодари за помошта.
Двата кипарски авиони од средината на јуни годинава се дел од механизмот европскиот механизам rescEU, според кој се финансираат земјите-членки, за да ги зајакнат средствата што ги имаат за справување со катастрофи со обврска да се користат овие средства во корист и на други земји-членки, кога ќе има потреба.
Ново на Сител
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
-
Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила
-
Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
-
Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство