Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.
Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, соопштија денеска од Министерството за одбрана, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.
- Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: upis_va@mod.gov.mk најдоцна до 20.06.2025 година, стои во конкурсот.
Сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми: Безбедност и одбрана, управување со кризи и заштита и спасување и сајбер безбедност и дигитална форензика.
Подетални информации може да пронајдете во самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија,
https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studentipit...
https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studenti-na..., каде што се достапни сите детали во врска во општите услови, критериумите, роковите како и постапката за спроведување на конкурсите во целост.
Ново на Сител
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија