Македонија
25. December 2015 - 17:14

Објавени прашањата за екстерно за матурантите

Прашањата за екстерно на јавен увид за матурантите. Државниот испитен центар објави 85 илјади  прашања по сите предмети од завршните години.Од нив  17 илјади прашања се нови или  базата е обновена за  20 проценти. Две недели учениците ќе имаат можност да приговараат, да ги лоцираат грешките доколку ги има и да реагираат дали прашањата се во согласност со наставните програми.Просечно, секоја година реагираат само стотина ученици. Од  ДИЦ велат праксата е останатите , своите критики за прашањата ги изнесуваат откако ќе помине тестирањето.

-Одговорна за екстерното тестирање-сега е вистинскиот момент средношколците да реагираат. Сите приговори што стигаат до нас се прифатени. Доколку имаат забелешки нека ги лоцираат и ние ќе ги разгледаме, изјави Емилија Угриновска-ДИЦ

Екстерното тестирање за матурантите ќе се спорведе од 25 јануари, ќе бидатр тестирани по два предмети за кои однапред ќе бидат известени. Оценките кои влегуваат во сведетелството и завршниот просек ќе бидат објавени недела подоцна. Од ДИЦ велат дека паралелно со изработка на тесотвите, работат и на прибирање идеи од сите засегнати старни за новиот концепт на екстерно тестирање кој ќе треба да се спроведе од идната година. Според најавите тоа би било по транспарентно испитувње кое има за цел да го зголеми квалитетот на образовнот процес.