Објавени официјални податоци: Еве колку Македонци имаат бугарски пасош

Во 2014 година 234 Македонци добиле државјанство/дозвола за престој во Бугарија, покажуваат најновите податоци на статистичкото биро на ЕУ- Евростат.
Со тоа, Македонците паднаа на петтата позиција во однос на доделени државјанства од Бугарија. Оваа држава најмногу државјанства лани поделила на Русите, втори се Турците, по нив следат Украинците и Кинезите, а на петта позиција се Македонците.
Споредено со годините наназад, особено од 2009 година (откако беше воведена визната либерализација) се забележува значително намалување на бројот на државјанства кои Бугарија им ги доделува на Македонците. Најголемиот отскок е направен меѓу 2009 и 2010 година, кога дури речиси за 90% се намалува бројот на доделени пасоши од Бугарија за Македонците. Во 2009 година биле доделени вкупно 4.406 државјанства на Македонци, додека во 2010 Бугарија доделила само 444 државјанства на наши граѓани. Во 2011 година пак, вкупно 266 лица добиле државјанство од Бугарија, а во 2012 277.
Инаку, Бугарското министерство за правда минатата година објави дека од 2001 година до почетокот на 2014 околу 51.000 македонски државјанин добиле бугарско државјанство.
Освен во Бугарија, Македонците аплицирале за државјанство/дозвола за престој и во Словенија, каде се додели 562 вакви дозволи но и во Хрватска каде биле издадени 261 државјанства на Македонци.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
