-->
-->
Објавена страшна снимка од влетување на воз меѓу луѓе на фестивал: Се забавувале и уживале, а веќе следниот момент биле под тркала
-->

Несреќата се случила кога на повеќе од илјада луѓе кои седеле на шините и околу нив, налетал патнички воз кој се движел со огромна брзина. На социјалните мрежи се појавиле страшни снимки на кои се гледа како возот влетува меѓу луѓето и ги гази.
"Луѓето седеле на шините и околу нив во предградието Амрикара, гледајќи како се палат кукли во рамките на прославата на фестивалот Душер, кога патнички воз налетал на нив", изјавил полицаец.
Агенцијата "ANI" ги пренела зборовите на очевидците дека возот одел со голема брзина, а дека луѓето не го слушнале поради пукањето на петардите и огнометот.
Главниот министер на Панџаб, Амариндер Синг, изјавил дека ќе оди на местото на несреќата да ја надгледува спасувачката операција.
"Окружните власти се мобилизирани на највисоко ниво", напишал Синг на Твитер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска