-->
-->
Објавена страшна снимка од влетување на воз меѓу луѓе на фестивал: Се забавувале и уживале, а веќе следниот момент биле под тркала
-->
Во несреќата која вчера се случила на северот на Индија во Панџаб, кога патнички воз налетал на луѓе, загинале најмалку 60 лица, а повредени биле десетина, соопштила полицијата во таа земја.Несреќата се случила кога на повеќе од илјада луѓе кои седеле на шините и околу нив, налетал патнички воз кој се движел со огромна брзина. На социјалните мрежи се појавиле страшни снимки на кои се гледа како возот влетува меѓу луѓето и ги гази.
"Луѓето седеле на шините и околу нив во предградието Амрикара, гледајќи како се палат кукли во рамките на прославата на фестивалот Душер, кога патнички воз налетал на нив", изјавил полицаец.
Агенцијата "ANI" ги пренела зборовите на очевидците дека возот одел со голема брзина, а дека луѓето не го слушнале поради пукањето на петардите и огнометот.
Главниот министер на Панџаб, Амариндер Синг, изјавил дека ќе оди на местото на несреќата да ја надгледува спасувачката операција.
"Окружните власти се мобилизирани на највисоко ниво", напишал Синг на Твитер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
-

Министерката за образование ги негира обвинувањата во студентските домови
-

Трка со календарот за Македонските возачи: Николоски најавува договор за визи и со Австрија
-

Монтеко освои две златни медали на меѓународен натпревар во Германија
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
