Објавена поштенска марка по повод членството во НАТО
Објавена е поштенска марка по повод членството на нашата држава во НАТО, објави на својот профил на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека таа ги отсликува собраната колективната меморија на граѓаните кои се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот.
– По повод големиот историски успех и остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО е овековечено и на поштенска марка што овие денови ја објави АД „Пошта на Македонија“. Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија.Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата. Во оваа поштенска марка е збрана колективната меморија на граѓаните на Република Македонија кои еднодушно се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот, напиша Спасовски.
Ново на Сител
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство