Македонија
22. August 2017 - 10:35

Објавена книгата „Ветераните на Илинден“ од Кочо Топузоски

Книгата „Ветераните на Илинден“ од поетот, публицист и историчар Кочо Топузоски ја објави издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

На над 370 страници низ мноштво архивски документи авторот разјаснува исклучително значајни моменти за светите идеали на македонските генерации. Неговото долгогодишно истражување низ архивите на Балканските држави е посветено на сите учесници на македонските револуционерни борби кои целиот свој живот биле борци за слободата на Македонија и за создавањето на своја македонска, самостојна држава на Балканот.

Кочо Топузоски (Крушево,1951) е автор на стихозбирките: „Ноќни делби“, ,„Болна прелест“, „Препознавања“, „Посланија и риданија“ и „Нафора мугреница“, како и на монографските изданија „Питу Гули – живот и потоа“, „Никола Карев“, „Војводата Питу Гули“ и др.