Македонија
19. February 2017 - 12:40

Објавена книгата „Мултикултурна акомодација" од Ана Чупеска-Станишковска

Издавачката куќа „Везилка 2011" ја објави дебитанската книга „Мултикултурна акомодација" од д-р Ана Чупеска-Станишковска од Правниот факултет во Скопје. 

- Во фокусот на инетересирањето на Чупеска-Станишковска, чиј влог во невладиниот активизам кај нас е респектибилен, се наоѓаат либерализмот и либералната демократија, столбовите и квазистолбовите на акомодирањето, при што се фрла поглед и врз перспективите на мултикултурната акодомодација, со посебна нагласка на Македонија, соопшти издавачот.