Објавен зборник на членовите на ДПМ
Под наслов „Македонски писатели“, деновиве излезе од печат био-библиографски зборник на членовите на ДПМ, а по повод јубилејот 70 години од формирањето на македонската писателска асоцијација.
Публикацијата на ДПМ, со исцрпни био-библиографски прилози и со фотографии, ги претставува сите генерации македонски автори, од основоположниците на Друштвото на писателите, Блаже Конески, Славко Јаневски и Ацо Шопов, до најмладите претставници на македонската книжевна сцена. Во ова, до сега најобемно и најсеопфатно издание посветено на писателите во Македонија, нотирани се околу 13.000 наслови објавени на македонски, албански, турски, српски, влашки, ромски, хрватски и бошначки јазик. Делата се од областа на поезијата, романот, расказот, критиката, есеистиката, литературата за деца, драмата и книжевната наука.
Преку означување на првите изданија на сите наслови објавени од ослободувањето до денес, зборникот на ДПМ го претставува богатството на современата македонска литература во најзначајните фази од нејзиниот развој, како важен влог во македонската национална и културна историја.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано во 1947 година. ДПМ е прва асоцијација на уметници во Македонија, со најдолга традиција и со најголем број членови, вкупно 540 писатели.
Ново на Сител
-
Барселона сака да го врати Нејмар следното лето
-
Сè уште активен пожарот во станбената зграда во Чаир
-
Се запалиле двете возила по сударот - детали за сообраќајката кај Лагово
-
Утрово најстудено во Берово
-
Затворена за сообраќај магистралата Битола - Прилеп кај Лагово
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола
-
Обвинителите велат дека Трамп дејствувал во лично својство кога се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година
-
Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе