Објавен вториот еко-конкурс „Од тебе зависи“
Вториот конкурс „Од тебе зависи“ ги поканува сите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени кон сеопфатната цел на “урбана отпорност“ за: борба против климатските промени, намалување на загадувањето, заштита на зелените површини или намалување на цврстиот отпад.
Kлиматски предизвик е објавен од страна на Програмата за развој на ОН (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од 10,000 американски долари, од кои 1,000 ќе бидат доделени како парична награда, додека 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение. Ова вклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање на неговиот понатамошен развој.
Како што се посочува од организаторите, предизвикот има урбан фокус, бидејќи градовите се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со драматични ризици од нивните последици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.
Моментално, повеќе од 60 отсто од населението во Македонија живее во урбаните центри, со околу 30 отсто само во Скопје. Главниот град е дом на поголемиот дел економска активност на земјата и генерира најголем дел од емисиите поврзани со потрошувачка на енергија. Постојаната урбанизација врши голем притисок врз природните ресурси, загрозувајќи ја чистата вода со отпадни води, чистиот воздух со загадување и зелените површини со урбана експанзија.
На минатогодишниот климатски предизвик пристигнаа повеќе од 130 иновативни предлози од граѓаните. Двете победнички идеи – паметни влошки за обувки кои може да служат за полнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.
Електронската апликацијата за конкурсот може да се најде на: http://odtebezavisi.mk
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1. јуни, 2016 година.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење