Објавен уште еден расказ на Томислав Османли на јазикот ладино
Текстот на потребната проза „Свадбата на Дорќол“ од Томислав Османли беше дистрибуиран до интернационалното членство на електронскиот форум Sefaradimuestro со седиште во Истанбул.
Станува збор за електронско списание кое го уредува Шаропе Бланко, едновремено и преведувачка, како на овој, така и на неколкуте други раскази на македонскиот автор на Ладино, јазикот на балканските и меѓу нив на македонските Евреи.
Списанието е електронска публикација со бројно читателство, која објавува голем број есеистички, теоретски, историски и литературни прилози што се однесуваат на сефардската култура и идентитет.
Овој расказ на Османли, досега е објавен во Брисел на англиски јазик, а во Белград и на српски јазик.
Томислав Османли е единствениот нееврејски автор од Македонија чие творештво е објавено на јазикот ладино и тоа повеќе пати досега.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите