Објавен трејлерот за новата сезона на „Твин Пикс“

Љубителите на култната телевизиска серија од почетокот на 90-те години на минатиот век, „Твин Пикс“, конечно можат да здивнат, бидејќи дефинитивно ќе има продолжение на серијалот, што го докажува и објавувањето на првиот трејлер од новата сезона.
Мистериозната серија,чиј режисер е Дејвид Линч, говори за животот во едно мало планинско место Твин Пикс, во кое се случуваат серија чудни настани.
Приказната почнува со убиство на една популарна средношколка, што ќе ги вознемири духовите во навидум мироното место и ќе резултира со мистериозни настани, кои се на границата на научната фантастика.
Трејлерот на продолжението содржи сцени од првите две сезони од серијата, како потсетување на минантите случувања, но не открива многу нови настани.
Сепак според она што може да се види, повторно ќе бидеме сведоци на случувања со многу страсти, алчност, љубомора и интриги.
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
