Објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција
На официјалната веб-страницата на Европската Унија е објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција.
Отворањето на понудите ќе биде за 60 дена, односно на 1 февуари 2024 година во 12 часот.
Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. На наша територија на делот од Гевгелија до Неготино ќе биде во должина од 67 километри со очекувана вредност од над 83 милиони евра.
Управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ земјава, го презеде грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.
Проектот ќе биде финансиран од Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Се очекува гасниот интерконектор да биде завршен до средината на 2025 година.
Детални информации за тендерот се достапни на линкот.
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Имплементација на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2"
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата