Објавен тендер за реконструкција на гевгелискиот Стадион
Општина Гевгелија денеска објави тендер за реконструкција на градскиот стадион на кој новиот второлигаш Кожуф ќе ги игра натпреварите од фудбалското првенство на Македонија.
Реконструкцијата опфаќа изведба на градежно занаетчиски работи на дел од градскиот стадион за кои ќе бидат потрошени повеќе од еден милион денари.
- Преку тендерот кој истекува на 14-ти месецов, бараме комплетна изградба на заштитна мрежа, изработка на подконструкција за поставување седишта на трибините и изградба на боксови за екипите, службените лица на ФФМ и за новинарите, соопштија од службата за односи со јавноста.
Ова, велат од Општината, се само неопходните услови за уредување на стадионот во Гевгелија кои мора да бидат исполнети до почетокот на есенскиот дел од државното фудбалско првенство
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила