Објавен првиот спот на кампањата на Трамп за следните избори

Кампањата за повторен избор на Доналд Трамп ја објави вчера првата телевизиска реклама, а во спотот од 30 секунди се напаѓаат демократите, а се фалат потезите на американскиот претседател во неговите први седум месеци на должност.
Објавувањето на рекламата се случува во момент на жестоки критики на сметка на Трамп поради неговите реакции на насилните случувања во Шарлотсвил, каде на собирот на белите продесничари загинаа три лице.
Трамп имено ги критикуваше групите од сите страни.
Во рамки на митингот „Да ги обединиме децата“ во Шарлотсвил на кој избија судирите продесничарските групи се противеа на плановите на локалните власи од паркот во центарот на градот да се отстрани статуата на генералот Роберт Ли, командант на силите на Конфедерацијата во американската граѓанска војна и противник на укинувањето на ропството.
Трамп најави дека ќе се кандидира на следните избори првиот ден откако стапи на должност, што му овозможи да почне со кампањата далеку пред изборите, кои ќе се одржат во 2020 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
