Објавен Прирачник за Претседателските избори 2019

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје, објавија „Прирачник за претседателските избори во Република Македонија 2019 година“.
Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може да се преземе бесплатно на следниве линкови: Македонска верзија на прирачникот, Албанска верзија на прирачникот
Англиска верзија на прирачникот.
Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите. По завршувањето на изборите, авторите на публикацијата најавуваат второ, финално, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите и информациите за кампањата и изборниот процес.
ИДСЦС и Фондацијата Конрад Аденауер традиционално од 2013 година, секоја изборна година подготвуваат прирачници за избори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
