Објавен планот за Универзална - Ќе го задржи автентичниот лик
Ќе се реконструира Универзална во постојниот облик и габарит и ќе го задржи својот автентичен изглед. Со 120 милиони денари од Владата ќе се реализираат градежните активности а проектот е донација од архитектот Бујар Муча. Скопскиот градоначалник најави дека градежните работи ќе почнат во мај, а со надворешната реконструкција ќе финализираат во септември.
-Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална сала во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година. На 8 март ќе биде закажана седница на Советот Град Скопје каде ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните работи, вели Шилегов
Премиерот Заев истакна дека владата дава поддршка на сите капитални проекти на локално ниво како поддршка на политиките. Шилегов е неговиот фаворит за втор мандат на Скопје но сепак за тоа ќе се одлучува во партијата.
Универзална според проектот би имала капацитет од 1100 до 1200 седишта.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар