Македонија
16. November 2015 - 16:56

Објавен оглас за реконструкција на блокот ,,А‘‘ од Студентскиот дом ,,Гоце Делчев‘‘

Испразнет и подготвен за реконструкција. Блокот А од студенсткиот дом Гоце Делчев за шест месеци се очекува да добие нов лик. Објавен е тендерот за грдба. За еден месец откако ќе биде избрана фирата ќе отпочнат градежните работи.

Министерството за образование одвои околу 90 милиони денари за комплетна реконструкција.

Со тоа блоковите А и Б од следната академска година ќе нудат подобри услови за студентите. Останатите В и Г како и мензата ќе бидат комплетиран на почетокот од 2017-та

Интензивно се работи и на изградба на 3-те нови студентски домови, 2 во Скопје и еден во тетово со капацитет за околку 1000 студенти.

Паралено  инфраструктурни објекти се градат и во средното и основното образование.

Отако минатиот месец беше во пуштено средното училиште во Шуто Оризари, следната учебна година се очекува да почне со работа и новото средно во општина Сарај.