Македонија
1. April 2016 - 10:49

Објавен конкурсот за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“

Објавен е конкурсот за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“, соопшти Министерството за култура.

Конкурсот трае од 1 до 30 април. Текстот на конкурсот може да се најде и на веб страната на Министерството за култура. 

Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.