Објавен годишниот извештај за остварените резултати на ОН во Северна Македонија
Заедничката работа води кон подобри и поодржливи резултати, ја зголемува ефикасноста и елиминира преклопување и повторување. Ова е една од важните заклучоци од ново-објавениот Годишен извештај за остварените резултати на Обединетите нации (ОН) во Северна Македонија, што ја претставува колективната заложба на семејството на ОН, Владата и другите партнери што работат за одржлив развој на земјата.
“Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Северна Македонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.
Извештајот се фокусира на резултатите од 2021, како и на лекциите научени во процесот на имплементација на програмите и активностите во текот на првата година од спроведувањето наРамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021 – 2025 – заеднички стратешки документ на ОН и на Владата на Северна Македонија.
“Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. “Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.”
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.
Помеѓу многу други, некои од резултатите што се нотирани во извештајот вклучуваат креирање на 6,822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и усслуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште. Дополнително, забележан е напредок во состојбат асо вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што се уште претставува предизвик.
Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети,
меѓународните обврски во однос на човековите права и родовата еднаквост, како и обврските кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој,.
Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.
Постојана канцеларија за координација на ОН во Скопје
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
