Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина

Една жена почина во болница откако ја помина ноќта заробена во комбе на пат блокиран од невообичаено обилните снежни врнежи во источна Јужна Африка од петокот, соопштија денеска локалните власти.
Транспортниот сообраќај остана блокиран на растојание од околу 30 километри, особено на патот N3, една од главните артерии во земјата што го поврзува Јоханесбург со градот Дурбан на источниот брег, соопшти утринава компанијата која управува со патот.
Една 39-годишна жена почина од хипотермија вчера во болница, откако во петокот вечерта била заробена на патот со други патници во такси комбе, изјави Роланд Робертсон, шеф на локалната итна медицинска помош.
Патниците беа блокирани во близина на градот Мојплас, на околу 430 километри од Јоханесбург.
-Цела ноќ се оставени на студ, без ќебиња, без ништо. Тие не беа подготвени за тоа, рече Робертсон.
Спасувачките операции на патниците во неволја продолжија денеска во многу тешки услови, особено во областа на преминот Ван Ренен во планините Дракенсберг, на околу 330 километри југоисточно од Јоханесбург, соопшти компанијата што управува со патот Н3.
Ново на Сител
-

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“
-

Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи
-

Разговорите со ЕУ се одолговлекуваат без договор за климатските цели
-

Автопатот Велес - Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
