Обилни врнежи од снег во Токио, откажани над 100 летови
Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години.
Некои приградски возови во Токио доцнеа поради обилниот снег, објави железничкиот оператор ЈР Ист на својата веб-страница.
На Твитер, метеоролошката агенција ги предупреди жителите дека „потребна е внимателчност поради обилен снег“ во центарот на Токио.
„Предупредување за обилен снег… Погодените области може да се прошират. Ве молиме проверете ги најновите информации за времето и сообраќајот!, се наведува во предупредувањерто.
Во Токио снег паѓа еднаш или двапати во текот на зимата, но задржувањето на снежната покривка е ретко. Во градот се регистрирани ниски температури повеќе од една недела, кои во комбинација со слабиот притисок доведоа до врнежи од снег.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството