Обилни врнежи низ цела Македонија, еве каде најмногу врне
Преку ноќта во Македонија облачноста се зголемуваше почнувајки од југозападниот дел на Македонија па полека се прошири и кон северните подрачја на Западна Македонија. Врнежите започнаа помеѓу 03 и 04 часот но со слаб интензитет но после 05 часот се интензивараа и повеќе беа изазени во северозападниот дел на земјава или поточно на потргот помеѓу Тетово и Скопје.
08:30 ч.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 12 ЧАСА (во л/м2 ):
14 Пожаране
13 Тетово, Маврово
9 Гуриште
8 Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Дебар
6 Ѓевгелија, Куманово и Крушево
5 Штип, Струмица и Виница
3 Кр.Паланка, Претор, Тополчани, Прилеп, Д. Капија и Дојран
2 Берово,
1 Охрид.
Во текот на деншниот ден и утре (недела) нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, така што времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и северните подрачја на земјава. Локално се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, на места ќе достигнува брзина над 60км/час. Утре минималнататемпература во земјава ќе биде во интервалот од 8 до 14 а Максималната ќе достигне само од 15 до 20 степени.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите