Обилни снежни врнежи во Маврово, забранет сообраќај за камиони
На патниот правец Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег, од 19 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Забрана за камиони од 17:45 часот има и на патниот правец Кичево - Охрид на планискиот превој Пресека, соопшти ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на останатите патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат информира дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб