Балкан
1. May 2023 - 20:57

Обид за убиство на главниот обвинител на Бугарија

Бугарскиот државен обвинител Иван Гечев денеска остана неповреден по експлозијата на бомба покрај пат и конвојот автомобили во кој се наоѓаше тој со семејството, соопштија бугарските власти кои настанот го означија како „убиство во обид“.

Иван Гечев „беше цел на обид за атентат, тоа не беше само заплашување“, изјави за новинарите неговиот заменик Борислав Сарафов.

Властите соопштија дека конвојот на државниот обвинител бил на пат за Софија кога околу 11.30 часот по локално време експлодирала бомбата покрај патот.

– Бомбата не само што била наполнета со ТНТ (околу три килограми), туку имала и шрапнели. Тоа беше напад подготвен од професионалци и очигледно беше многу добро изведен – рече Сарафов.

Според него, Гечев и неговото семејство се неповредени.

Контроверзна личност со години, Гечев, чиј мандат трае до 2026 година, е критикуван за заштита на одредени личности од власта и попречување на откривањето на корупциски скандали.