Обид за силување на тинејџерка во Пробиштип: Со закани ја викал кај него дома, па со тупаници ја принудил на секс
Вчера околу 04:00 часот во Штип, Д.Н. (40) од Пробиштип извршил силување во обид над К.Д. (18) од Штип.
Д.Н. преку СМС пораки и се заканувал на К.Д. дека, доколку не дојде кај него, ќе оди кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми.
После тоа, таа отишла кај него и Д.Н. се обидел со сила да ја натера да имаат сексуален однос.
Тој и ја удрил главата во ѕид нанесувајќи и неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото, но К.Д. успеала да побегне.
Од страна на лекар бил извршен преглед над К.Д., констатирани и се телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Д.Н. бил приведен и задржан во СВР Штип за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, казниво по член 186 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ