Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.
-На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество - соживотот, достоинството и заемната почит. Еврјеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво. Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието - рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество, се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.
Со особена загриженост, се вели во известувањето, констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток.
Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот - појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.
-Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат. Апелираме до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Но уште поважно, апелираме до совеста на општеството - да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
