Македонија
17. October 2016 - 13:27

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Во среда е Свети Тома - ова никако не смеете да го правите!

Православните верници во среда го прославуваат светиот апостол Тома, во народот познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли.

Свети Тома го ширел христијанството најпрвин во Палестина, а пота и во Персија и во Индија, каде што бил убиен со копје. Неговите мошти во четвртиот век биле пренесени во градот Едеса, а потоа и во Царград.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава, а како еснафска слава во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… итн. Во некои краеви се верувало дека тој штити од волци, но поважно е што на овој ден не се оди никаде и оттогаш постои изреката „Свети Тома седи дома“.