Обезбедување на дискотека физички нападнало момче - а тоа се одолжило на свој начин
На 23.05.2017 година во 01.30 часот во ПС Гевгелија, С.Д. пријавил дека пред дискотека физички бил нападнат од обезбедувањето од агенција за обезбедување, а во 03.30 часот Р.М. (36), сопственик на агенција за обезбедување, пријавил дека С.Д. и А.Д. ги искршиле сите стакла од објектот во кој е сместена агенцијата на ул. „Маршал Тито“ и стаклата на ПМВ „Пежо-206“ - сопственост на агенцијата. Во 04.30 часот Р.М. повторно пријавил дека пред дискотеката физички биле нападнати неговите вработени од страна на М.Д., неговиот брат С.Д. и А.Д.. Во 05.30 часот Р.М. пријавил дека, додека се движел со неговото ПМВ „Цитроен Ц4“ со гевгелиски регистарски ознаки, бил попречуван во движењето од ПМВ „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Д., во кое како сопатници биле С.Д. и А.Д.. Истите преку прозорците му се заканувале со секира и нож, а во еден момент со возилото удриле во левата страна од неговото возило, по што избегале. СВР Гевгелија презема мерки за обезбедување на инволвираните во пријавените настани. По целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува