Обесштетени 80 отсто од штедачите во Еуростандард, исплатени 3,3 милијарди денари
Фондот за осигурување депозити досега преку четирите банки преку кои се врши обештетување на штедачите од Еуростандард банка има исплатено 3,3 милијарди денари, што претставува 80 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.
-Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени, истакнуваат од Фондот за осигурување депозити.
Од Фондот наведуваат дека обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.
Исплатата започнана 15 септември годинава, а се исплаќаат депозити до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.
Исплатата ќе се извршува преку Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халкбанк.
Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година, кога и беше одземена дозволата за работа на банката.
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога